мапа на сајт |
дома |
 
 
  Skip Navigation Links
за нас
услуги
производи
галерија
партнери
контакт
линкови
 
 
 
 
 

     
 
За нас

Историјат -
приказната за ТД Голд Текс од Крушево започна кон крајот на 2003 година со 55 вработени лица. Идејата за основање на текстилната фабрика беше големиот број на невработени лица од една страна и постоење на квалификувана работна рака од друга страна. Кон крајот на февруари 2005, во Голд Текс беа вработени 87 лица во 2 линии, за по месец дена покасно да се започне со работа во 4 производствени линии. Денес, ТД Голд Текс брои 155 вработени.

Производи - секаков вид на женска конфекција: сукњи, панталони, сакоа, блејзери, капути, бермуди и др.
Предности - повеќегодишното искуство на пазарот, висококвалитетните производи, навременото извршување на нарачките, следењето на новите модни трендови, младиот и оспособен кадар, како и постојаните инвестиции во машини, кадар и модерни технолошки процеси, претставуваат темел за раст на ТД Голд Текс во секторот на текстилната индустрија.
Капацитети и обуки - четирите линии можат да произведуваат до 16.000 конфекциски единици месечно. Големината на капацитетот зависи од тежината на налогот. Во тек е обуката на новите работници и тоа: шивачи, кројачи и пеглачи. Обуката ја изведува стручен тим составен од технолози и текстилни техничари со повеќегодишно искуство. По завршувањето на обуката се планира капацитетот на новите линии да изнесува 5.000-6.000 конфекциски парчиња месечно.
Машини со кои располагаме.
 
     










 
 

Designed and developed by Ein-Sof and Cyber Link.